20 Кога ја распростираш темнината и ноќта се спушта, тогаш низ неа скришно шетаат горските животни.
21 Лавчињата рикаат по плен и бараат храна од Бога.
22 Штом сонцето ќе огрее, ги снемува и легнуваат во своите легла.
23 Тогаш човекот излегува на дневна работа, и на труд до вечерта.
24 Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија.
25 Ене го големото и широко море, низ него се движат безбројни лазачи, мали и големи животни.
26 Оттаму поминуваат кораби, морското чудовиште, што го создаде да се игра во него.