22 Штом сонцето ќе огрее, ги снемува и легнуваат во своите легла.
23 Тогаш човекот излегува на дневна работа, и на труд до вечерта.
24 Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија.
25 Ене го големото и широко море, низ него се движат безбројни лазачи, мали и големи животни.
26 Оттаму поминуваат кораби, морското чудовиште, што го создаде да се игра во него.
27 И сите овие чекаат на Тебе, за да ги нахраниш на време.
28 Ако им даваш, тогаш собираат. Ако ја отвориш раката, се наситуваат со блага.