3 ги изгради Твоите дворци над водите. Ја правиш Својата кола од облаци, патуваш врз крилјата на ветровите.
4 Ги правиш ангелите Свои духови, а вжарениот оган за Твои слуги.
5 Земјата ја постави врз нејзините основи, не ќе се разлулее низ вечни времиња.
6 Ја покри со водени бездни како со облека, водите стоеја над планините;
7 се повлекоа од Твоите заканувања, се стресоа од Твоето грмење.
8 Планините се издигнаа, долините се спуштија, на местото што им го одреди.
9 Ја одреди границата, што не смеат да ја преминат, за да не ја покријат пак земјата.