1 Славете Го Господа, повикувајте Го Неговото име, навестувајте ги Неговите дела меѓу народите!
2 Пејте Му, свирете Му, раскажувајте ги сите Негови чудеса!
3 Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!
4 Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте Го секогаш Неговото лице!