18 Ги врзаа со окови неговите нозе, вратот му го ставија во железо.
19 Додека не се исполни неговото пророштво, за да се потврди Господовото слово.
20 Царот нареди да го одврзат, управителот на народите го ослободи.
21 Го постави за домаќин на својот дом, за управител на сиот свој имот.
22 Да ги врзува кнезовите по своја волја, и да ги учи неговите старци на мудрост.
23 Тогаш Израел влезе во Египет, Јаков се пресели во Хамовата Земја.
24 Го умножи многу Својот народ, го направи посилен од непријателите.