28 Испрати темнина, и се смрачи, но тие не се противеа на Неговите зборови.
29 Им ги претвори водите во крв и ги помори нивните риби.
30 Заврвеа жаби низ нивната земја, проникнаа и во царските соби.
31 Рече: и рој муви долета, и комарци во сите нивни краишта.
32 Место дожд им даде град, огнени секавици во нивната земја.
33 Ги удри нивните лозја и смокви, ги искрши дрвата во нивните предели.
34 Рече: и скакулци дојдоа и безбројни гасеници со нив.