36 Ги порази сите првороденци во нивната земја, сите прваци на нивната сила.
37 Ги изведе со сребро и злато; во нивните племиња немаше болни.
38 Египет се зарадува на нивното заминување, зашто го опфати страв од нив.
39 Го распростре облакот како покрив, и оган да свети во ноќта.
40 Замолија, и доведе препелици, со небески леб ги нахрани тогаш.
41 Ја расцепи карпата, и вода извираше, потече како река низ пустината.
42 Тогаш се сети за Своето ветување, што му го даде на Својот слуга Авраам.