5 Спомнете си за чудесата што ги направи, за чудата и за судовите на Неговата уста!
6 Авраамовиот род е Негов слуга, Јакововите синови Негови избраници!
7 Тој е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја!
8 Тој си спомнува секогаш за Својот Завет, за словото што им го кажа на илјади поколенија:
9 за Заветот што го склучи со Авраам, и за Својата заклетва на Исак.
10 Го воспостави како закон за Јакова, вечен Завет за Израел,
11 зборувајќи: „Тебе ќе ти ја дадам Ханаанската Земја, како дел во вашето наследство.”