1 Славете Го Господа, зашто е благ, зашто Неговата милост е вечна!
2 Така нека речат сите избавеници, кои Господ ги избави од непријателските раце,
3 и кои ги собра од сите земји: од исток и запад, од север и југ.
4 Скитаа низ пустината, во пуста осаменост, не наоѓајќи пат до населен град.