13 Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји.
14 Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови.
15 Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!
16 Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови.
17 Неразумните се мачеа заради своите бунтовни патишта, поради своите безумности, се мачеа.
18 Секое јадење и се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта.
19 Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји.