18 Секое јадење и се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта.
19 Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји.
20 Го испрати Своето слово, за да ги оздрави, и за да им го спаси животот од гробната јама.
21 Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!
22 Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.
23 Тие кои забродија со бродови по морето, да тргуваат по силните води:
24 тие ги видоа Господовите дела, Неговите чудеса во длабочните.