21 Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!
22 Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.
23 Тие кои забродија со бродови по морето, да тргуваат по силните води:
24 тие ги видоа Господовите дела, Неговите чудеса во длабочните.
25 Тој рече и буроносниот ветер се завиори, што ги крева морските бранови во височина.
26 Се креваа до небо, се спуштаа во бездна. Душата им гинеше во неволја.
27 Се лулаа и се слизнуваа како пијани, сета мудрост ги изневери.