25 Тој рече и буроносниот ветер се завиори, што ги крева морските бранови во височина.
26 Се креваа до небо, се спуштаа во бездна. Душата им гинеше во неволја.
27 Се лулаа и се слизнуваа како пијани, сета мудрост ги изневери.
28 Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија и Тој ги истрга од сите неволји.
29 Ја смири бурата со тивко ветерче, морските бранови молкнаа.
30 Се израдуваа на тишината, Тој ги поведе во желно пристаниште.
31 Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!