30 Се израдуваа на тишината, Тој ги поведе во желно пристаниште.
31 Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!
32 Нека Го возвишуваат во народното собрание, Нека Го фалат во советот на старците!
33 Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја;
34 плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители.
35 Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори.
36 И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат.