33 Тој ги претвори: реките во пустина, а водните извори во жедна земја;
34 плодоносната земја во солена пустина, заради лошотијата на нејзините жители.
35 Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори.
36 И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат.
37 Ги засеаја нивите, ги засадија лозјата, што им донесоа изобилни плодови.
38 И Тој ги благослови, па се намножија многу, и стадата не им се намалија.
39 Беа проредени и презрени, под товарот на страдањата и неволјите.