35 Тој ја претвори пустината во езеро, а сувата земја во водени извори.
36 И ги насели таму изгладнетите, па изградија град каде ќе живеат.
37 Ги засеаја нивите, ги засадија лозјата, што им донесоа изобилни плодови.
38 И Тој ги благослови, па се намножија многу, и стадата не им се намалија.
39 Беа проредени и презрени, под товарот на страдањата и неволјите.
40 Оној Кој излива презрение кон кнезовите, ги пушти да скитаат по пусти патишта.
41 Го издига бедниот од неволја и ги умножи семејствата како стадо.