39 Беа проредени и презрени, под товарот на страдањата и неволјите.
40 Оној Кој излива презрение кон кнезовите, ги пушти да скитаат по пусти патишта.
41 Го издига бедниот од неволја и ги умножи семејствата како стадо.
42 Гледајќи го тоа, нека се радуваат чесните, а беззаконикот нека си ја затвори устата!
43 Кој е мудар, нека размисли за сè тоа и нека ја согледа Господовата милост.