6 Тогаш извикаа на Господа во својата тешкотија, и Тој ги избави од сите неволји.
7 Ги поведе по правиот пат, за да стигнат до населен град.
8 Нека Го слават Господа за Неговата милост, за Неговите чудеса кон човечките синови,
9 зашто Тој ја насити гладната душа, Тој ја наполни со добрина изгладнетата душа.
10 Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо,
11 зашто и се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сèвишниот.
12 Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне.