1 Давидов псалм. Господ Му рече на мојот Господ: „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!”
2 Господ ќе го испружи жезолот на твојата сила од Сион: „Владеј среде Твоите непријатели!”
3 Во денот на Твојата сила, Твојот народ е готов; во убавината на светината од утробата, пред деницата, Твојата младост е слична на росата.
4 Господ се заколна и нема да се покае: „Ти си свештеник, довека, по редот Мелхиседеков!”