1 Алилуја! Ќе Го славам Господа со сето свое срце во советот на праведниците, во нивната заедница.
2 Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.
3 Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека.
4 Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив.