3 Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека.
4 Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив.
5 Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет.
6 Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.
7 Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,
8 утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.
9 Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!