6 Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.
7 Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,
8 утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.
9 Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!
10 Почеток на мудроста е стравот од Господа! Мудро прават кои Го почитуваат. Неговата Слава трае довека!