1 Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди;
2 неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение.
3 Благосостојба и богатство ќе биде во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека.
4 На чесните им изгрева светлина во темнина: Тој е благ, милостив и праведен.