3 Благосостојба и богатство ќе биде во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека.
4 На чесните им изгрева светлина во темнина: Тој е благ, милостив и праведен.
5 Добро му е на човекот кој е милостив и дава на заем, кој ги свршува чесно своите работи.
6 Никогаш нема да се поколеба, праведникот ќе биде во вечен спомен.
7 Не ќе се плаши од лоши вести, мирно е неговото срце, надевајќи се на Господа.
8 Неговото срце е храбро, од ништо не се бои, тој го гледа паѓањето на своите непријатели.
9 Тој дели, изобилно им дава на бедните: неговата правда ќе трае довека, неговиот рог ќе се воздигне славно.