3 Морето виде и побегна, а Јордан се повлече назад.
4 Планините скокаа како овни и ридовите како јагниња.
5 Што ти е, море, што побегна? Јордане, зошто завртуваш назад?
6 Планини, зошто скокате како овни, и вие, ридови, како јагниња?
7 Трепери, земјо, пред Господовото лице, пред лицето на Јакововиот Бог.
8 Тој ја претворува карпата во водно езеро, и каменот во воден извор.