1 Не нам, Господи, не нам, туку на Твоето Име дај му Слава, заради Твојата милост и вистина.
2 Зошто да зборуваат многубошците: „Каде е сега нивниот Бог?”
3 Нашиот Бог е на небесата, прави сè што ќе Му се допадне.
4 Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечките раце.
5 Уста имаат, а не говорат; очи имаат, а не гледаат;