10 Аронов доме, надевај се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
11 Почитувачи Господови, надевајте се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
12 Господ ќе си спомни за нас, и Тој ќе нè благослови: ќе го благослови Израелевиот дом, ќе го благослови Ароновиот дом,
13 ќе ги благослови оние, кои се бојат од Господа, и малите и големите.
14 Да ве намножи Господ, вас и вашите синови!
15 Да ве благослови Господ, Кој ги создаде небото и земјата!
16 Небесата се Господови небеса, а земјата им ја даде на човечките синови.