7 раце имаат, а не фаќаат; нозе имаат, а не одат; глас не излегува од нивното грло.
8 Такви се и оние, што ги направија, и сите кои се надеваат на нив.
9 Израелев доме, надевај се на Господа! - Тој е нивни штит и помошник.
10 Аронов доме, надевај се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
11 Почитувачи Господови, надевајте се на Господа! Тој е нивни штит и помошник.
12 Господ ќе си спомни за нас, и Тој ќе нè благослови: ќе го благослови Израелевиот дом, ќе го благослови Ароновиот дом,
13 ќе ги благослови оние, кои се бојат од Господа, и малите и големите.