1 Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва.
2 Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови.
3 Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда.
4 Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!”
5 Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост.