3 Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда.
4 Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!”
5 Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост.
6 Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави.
7 Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор.
8 Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање.
9 Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите.