8 Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање.
9 Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите.
10 Јас верувам и кога велам: „Многу сум несреќен.”
11 Реков, во својата збунетост: „Секој човек е лажец!”
12 Што да Му вратам на Господа, за сè што стори за мене?
13 Ќе ја земам чашата на спасението и ќе Го повикам Господовото Име.
14 Ќе ги исполнам на Господа сите мои завети, пред сиот Негов народ.