110 Грешниците ми поставија стапица, но не се отклонувам од Твоите наредби.
111 Твоите сведоштва ми се вечно наследство, тие се радост во моето срце.
112 Го приклонив срцето, за да ги врши Твоите повелби, секогаш и до крај.
113 САМЕХ. Јас ги мразам неодлучните, а го љубам Твојот Закон.
114 Ти Си мој штит и мое засолниште, Јас се надевам на Твоето слово.
115 Отстранете се од мене злосторници, ќе ги пазам заповедите на мојот Бог.
116 Поткрепи ме според Твоето ветување, и ќе живеам; немој да се засрамам во својата надеж.