111 Твоите сведоштва ми се вечно наследство, тие се радост во моето срце.
112 Го приклонив срцето, за да ги врши Твоите повелби, секогаш и до крај.
113 САМЕХ. Јас ги мразам неодлучните, а го љубам Твојот Закон.
114 Ти Си мој штит и мое засолниште, Јас се надевам на Твоето слово.
115 Отстранете се од мене злосторници, ќе ги пазам заповедите на мојот Бог.
116 Поткрепи ме според Твоето ветување, и ќе живеам; немој да се засрамам во својата надеж.
117 Помогни ми и ќе се спасам, ќе внимавам секогаш на Твоите повелби.