124 Постапувај со Твојот слуга според Твојата милост и научи ме на Твоите повелби.
125 Јас сум Твој слуга, вразуми ме, за да ги запознаам Твоите сведоштва.
126 О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон.
127 Затоа ги љубам Твоите заповеди, повеќе од злато, од пречистено злато.
128 Затоа ги почитувам сите Твои наредби, во секое нешто, омразени ми се сите лажни патишта.
129 ПЕ. Прекрасни се Твоите сведоштва, затоа мојата душа ги пази.
130 Објаснувањето на Твоите зборови просветлува, ги вразумува простодушните.