158 Ете, видов отпадници и ми се згадија, зашто не ги чуваа Твоите зборови.
159 Ете, ги љубам Твоите зборови, о Господи, поживи ме според Твојата милост.
160 Целината на Твојот збор е вистина, секој од Твоите праведни судови е вечен.
161 ШИН. Кнезовите ме прогонуваат без причина, но моето срце трепери само пред Твоите зборови.
162 Им се радувам на Твоите беседи, како оној што наоѓа многу користи.
163 Ја мразам лагата и се гнасам од неа, а го љубам Твојот Закон.
164 Те прославувам Тебе седумпати дневно, заради Твоите праведни судови.