171 Моите усни нека запеат пофална песна, зашто ме научи на Твоите повелби.
172 Мојот јазик нека пее за Твоето слово, зашто сите Твои заповеди се праведни.
173 Твојата рака нека ми биде на помош, зашто ги избрав Твоите наредби!
174 Господи, копнеам за Твоето спасение, се насладувам во Твојот Закон.
175 Нека живее мојата душа и нека Те фали, а Твоите судови нека ми бидат на помош!
176 Јас заскитав како изгубена овца; о побарај го Твојот слуга, зашто јас не ги заборавив Твоите заповеди.