39 Отстрани го срамот, од кој се плашам, зашто се благи Твоите пресуди.
40 Еве, копнеам по Твоите наредби: поживи ме со Твојата правда.
41 ВАВ. О, Господи, нека Твојата милост дојде врз мене, и Твоето спасение според Твоето ветување.
42 Ќе им одговорам на оние што ме исмеваат, зашто се надевам на Твоето слово.
43 Не одземај го зборот на вистината од мојата уста, зашто се надевам на Твоите судови.
44 Ќе го пазам Твојот Закон постојано и довека.
45 Ќе одам нашироко, зашто ги истражувам Твоите повелби.