41 ВАВ. О, Господи, нека Твојата милост дојде врз мене, и Твоето спасение според Твоето ветување.
42 Ќе им одговорам на оние што ме исмеваат, зашто се надевам на Твоето слово.
43 Не одземај го зборот на вистината од мојата уста, зашто се надевам на Твоите судови.
44 Ќе го пазам Твојот Закон постојано и довека.
45 Ќе одам нашироко, зашто ги истражувам Твоите повелби.
46 Ќе зборувам за Твоите прописи пред царевите и нема да се збунам.
47 Мојата наслада е во Твоите заповеди, зашто ги љубам.