69 Горделивите смислуваат клевета против мене, но јас со сето срце се придржувам кон Твоите правила.
70 Срцето им е здебелено од маст, а јас се насладувам во Твојот Закон.
71 Добро ми е дека се мачев за да ги научам Твоите повелби.
72 Помил ми е Законот на Твојата уста, отколку илјади златници и сребреници.
73 ЈОД. Твоите раце ме направија и ме создадоа; вразуми ме за да ги научам Твоите заповеди.
74 Оние кои се бојат од Тебе се веселат кога ќе ме видат, зашто јас се надевам на Твојот збор.
75 Знам, о Господи, дека Твоите судови се праведни, и според верноста Твоја Ти ме измачи.