76 Твојата љубов нека ми биде тешителка, според ветувањето што му го даде на Твојот слуга.
77 Нека дојде врз мене Твојата милост, и јас ќе живеам, зашто Твојот Закон е моја наслада.
78 Нека се збунат гордите, зашто ме угнетуваат за ништо, а јас ќе размислувам за Твоите наредби.
79 Нека се обратат кон мене оние кои се бојат од Тебе, и кои ги знаат Твоите сведоштва.
80 Нека моето срце биде совршено во Твоите повелби, за да не бидам засрамен.
81 КАФ. Мојата душа копнее за Твоето спасение, со надеж го чекам Твојот збор.
82 Моите очи копнеат за Твојата беседа; кога ќе ми донесеш утеха?