3 Ќе ги истреби Господ сите лажливи усни, и јазикот што зборува горделиви нешта,
4 тие, кои велат: „Јазикот е наша сила, нашите усни се наши; кој е господар над нас?”
5 Господ говори: „Сега ќе станам, заради страдањата на угнетуваните и заради воздишките на бедните; и ќе го поставам во безопасност за која копнее.”
6 Господовите слова се чисти зборови, како сребро претопено во земјана печка, пречистено седумпати.
7 Господи, Ти ќе ги заштитуваш, ќе чуваш секого од нив, од овој род довека.
8 Нечесните одат наоколу, кога расипаните се издигаат меѓу синовите човечки.