2 Нашите нозе веќе стојат, на твоите врати, о Ерусалиме.
3 Ерусалиме, цврсто изграден граду и како во едно слеан!
4 Племињата, Господовите племиња, влегуваат таму, според Израелевиот закон, да Го слават Господовото Име.
5 Судиски столици стојат таму, столици на Давидовиот дом.
6 Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе!
7 Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци!
8 Заради своите браќа и пријатели ќе викам: „Мир на тебе!”