1 Песна на воздигање. Блажен е секој, кој се бои од Господа, кој оди по Неговите патеки!
2 Ти ќе го уживаш плодот на твоите раце, блажен ќе си, и ќе ти биде добро.
3 Твојата жена ќе биде како плодна лоза во внатрешноста на твојот дом. Твоите синови како млади маслинови гранчиња, околу твојот стол.
4 Ете, така ќе биде благословен човекот, кој се бои од Господа.