4 Нека Ти благодарат Господи, сите земски цареви, кога ќе ги чујат зборовите на Твојата уста.
5 Нека ги воспеат Господовите патишта: „Вистина, величествена е Господовата слава!”
6 Вистина, Господ е возвишен, но гледа на смирените, а гордоста ја познава оддалеку.
7 Кога ќе чекорам низ неволји, чувај ми го животот, испружи ја раката против гневот на моите непријатели; нека ме спаси Твојата десница!
8 Господ ќе го доврши своето дело во мене! Господи, вечна е Твојата љубов: не оставај го делото на Твоите раце!