10 Тебе сум Ти оставен од моето раѓање, од мајчиното крило Ти си мој Бог.
11 Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.
12 Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија.
13 Своите усти ги отворија на мене, како лав што го раскинува пленот и рика.
14 Се разлеав како вода, ми се разглобија сите коски; моето срце стана како восок, се растопи во мене.
15 Мојата сила се исуши како црепна, и мојот јазик се залепи до непцето; Ти ме фрли во смртниот прав.
16 Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.