16 Кучињата ме опколија; лукав народ ме опкружи. Ги прободија моите раце и моите нозе.
17 Можам да ги пребројам сите свои коски, а тие ме гледаат и ме презираат.
18 Ги поделија моите облеки меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.
19 Но, Ти, Господи, да не се оддалечиш, о моја сило, побрзај ми на помош!
20 Избави ја мојата душа од меч, единствената моја душа - од силата на кучето.
21 Спаси ме од устата на лавот, и од биволските рогови. Ти ме послуша!
22 Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието.