22 Ќе го проповедам Твоето име на моите браќа, ќе Те фалам среде собранието.
23 Вие кои се боите од Бога, фалете Го! Славете Го сите од Јакововиот род! Бојте се од Него сите Израелеви потомци!
24 Зашто не го презре ниту ја заборави тагата на натажениот, и не го скри Своето лице од него, туку го чу, кога Го повика.
25 Затоа ќе Те фалам во големото собрание, ќе ги исполнам своите завети пред оние кои се плашат од Него.
26 Бедните ќе јадат и ќе се наситат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат: вашето срце нека живее довека!
27 Ќе си спомнат и ќе се обратат кон Господа сите земни краишта; и пред Него ќе се поклонуваат сите племиња на народите.
28 Зашто Царството е Господово, Тој е владетел над народите.