6 А јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот.
7 Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегат усните, мавтаат со главата и велат:
8 „Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!”
9 Но, Ти ме извади од утробата, Ти ме смири врз мајчините гради.
10 Тебе сум Ти оставен од моето раѓање, од мајчиното крило Ти си мој Бог.
11 Не се оддалечувај од мене, зашто е близу неволјата, а нема никој да ми помогне.
12 Ме опколија многубројни јунци, васански бикови ме опкружија.