1 Давидов псалм. Суди ме, Господи, зашто одев во својата невиност; и се надевам на Господа и нема да се поколебам.
2 Испитај ме, Господи, и искушај ме, испитај ми ги бубрезите и срцето.
3 Зашто Твојата милост е пред моите очи, и одам во Твојата вистина.
4 Јас не седам со нечесни луѓе и не се навраќам кај подмолните.
5 Го мразам друштвото на злосторниците и не седнувам со безбожниците.
6 Ги мијам своите раце во невиноста и го обиколувам Твојот жртвеник, Господи,
7 да ја разгласам јавно Твојата фалба и да раскажам за сите Твои прекрасни дела.