6 И сега ја кревам главата над непријателите што ме опкружуваат. Ќе принесувам радосни жртви во Неговиот шатор, ќе пеам и ќе се радувам во Господа.
7 О, Господи, слушај го мојот глас кога викам, биди ми милостив и услиши ме!
8 Моето срце зборува: „Барај го Моето лице!” Да, го барам Твоето лице, Господи.
9 Не го криј Твоето лице од мене! Не отфрлај го во гнев Твојот слуга! Ти, помош моја, не ме отфрлај! И не оставај ме, Боже, Спасителу мој!
10 Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прими.
11 Научи ме, Господи, на Својот пат, поведи ме по рамна патека, заради моите противници.
12 Не ме предавај на бесот на моите непријатели, зашто лажни сведоци станаа против мене, кои дишат со насилство.